Момците од ДНК деновиве се актуелни со својот нов хит.
Спотот за новата песна “Горе или доле” ги разбранува емоциите на фановите, а одлично сработеното видео совршено го надополнува моќниот текст.
Режисер на спотот е Даниел Јовески. ДНК како и досега соработуваат со нивниот композитор и продуцент Лазар Цветкоски, автор на повеќе домашни хитови.
Тој и Панчо заедно ја напишаа музиката. Панчо е автор на текстот,Лазар на аранжманот.
Никогаш не возете под дејство на алкохол е силната порака која ја испраќаат Андреј и Панчо.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------