Home INFO Нови детали за предозираната Деми Ловато: Заради компликации пејачката сеуште во болница

Нови детали за предозираната Деми Ловато: Заради компликации пејачката сеуште во болница

реклама:Велигден со Стаф

Иако веќе требала да биде дома, Деми Ловато е додатно задржана во болница заради неочекувани компликации.

Имено Деми е во болница веќе повеќе од недела дена откако се предозирала, пишуваат британските медиуми. Сега во јавноста се појавија нови детали за целата ситуација која очигледно е многу сериозна.

Пејачката била во несвест кога ја пронашла нејзината асистентка која што мислела дека е мртва. Неа по се изгледа ја спасил нејзиниот телохранител кој трезвено делувал и ги прочистил дишните патишта како не би се угушила пред да дојде брзата помош.

Иако се очекуваше веќе да биде на домашно лекување, младата пејачка е заджана во болница заради компликација со здравјето. Таа во меѓувреме добила висока температура и често повраќала, ноза неколку дена се очекува дека треба да се опорави.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------