Home INFO Новиот пар ја изненади јавноста: Бившата на Роналдо во врска со бившиот...

Новиот пар ја изненади јавноста: Бившата на Роналдо во врска со бившиот на Жизел! (видео)

реклама:Лето во Банско

Според познатиот таблоид „Ти-ем-зи“, Ирина Шајк има ново момче, и тоа Поранешниот НФЛ играч Том Брејди.

Двајцата го поминале викендот заедно, а во еден момент бил фатен како ја милува манекенката додека биле во автомобил, пренесува „Ти-ем-зи“.

Брејди се нашол со Шајк кај хотелот Бел-Ер и потоа ја однел кај него. Манекенката била забележана како се прикрадува следното утро во 9:30 часот, а подоцна истиот ден, повторно биле фатени заедно.

Брејди се разведе од манекенката Жизел Бундхен минатиот октомври, по 13 години брак. Со неа, ги доби синот Бенџамин Реин и ќерката Вивијан Лејк.

Тој исто така го има синот Едвард Томас со Бриџит Мојнахан.

Ирина пак беше во врска со фудбалерот Роналдо, а со актерот Бредли Купер со кого раскина во 2019 година ја имаат ќерката Леа.

Медиумите минатата година ја поврзуваа и со Канје Вест, но нивната врска беше краткотрајна.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------