Пејачот и дел од жирито во „Ѕвездите на Гранд“, рокерот Ѓорѓе Давид веќе две недели е хоспитализиран во Белград и се лекува од корона вирус.
Тој постојано ги известува своите фанови за неговата состојба, но се повеќе е разочаран од ситуацијата во која што се наоѓа и она што се случува околу него.
За српските медиуми кажал дека очајно е кога околу него умираат луѓе од болест која ни најдобрите лекари сеуште немаат решение, но се надева дека ќе излезе како победник од оваа голгота и дека ќе успее да се излечи од вирусот.