Home INFO ОД МОЈОТ СИН САКАШ ДА НАПРАВИШ ПСИХОПАТ, ОДИ ЛЕЧИ СЕ! Ова е...

ОД МОЈОТ СИН САКАШ ДА НАПРАВИШ ПСИХОПАТ, ОДИ ЛЕЧИ СЕ! Ова е пораката заради која Милан ја тужи Северина

реклама:G Natural

Милан Поповиќ поднел пријава за семејно насилство против поп ѕвездата Северина заради меилот кој што му го испратила.

Еве накусо за што станува збор:

„Милан и испратил на Северина меил дека го однел нивниот син на доктор за повивање на инфекцијата на стапалата, и констатирал дека таа не му јавила за времето кога е закажан прегледот.

По неговиот меил Северина му вратила порака со куп навреди и гнасни пцовки кои што се не примерни за една мајка на малолетно дете“, вели изворот и ја открива содржината на меилот од Северина.

Еве го во целост:
„Ти не си здрав, мора да се лечиш, не ти е добро, не си бил сакано дете и затоа на Александар му создаваш психози.
Мојот син сакаш да го направиш болен. Милане, ти си луд и маничен човек, не знаеш да бидеш родител.
Имаш перфиден и зол ум, и на крај излегуваш глупав. Опседнат си со мене, сакаш да ме видиш по секоја цена, па макар и на суд. Ти си манијак и психопат, бидејќи не си здрав. Едноставно, ти си мал бедник, нула од човек.
Со задоволство би ти ги искршила тие го*нарски коски. Таквите бедници што и’ го прават ова на жена со дете ги силуваат во затвор. Ти си најнизок степен на организам, неколку степени поголем од амеба, и го загадуваш овој свет. Ти си суштество што не се развило во човек. Факт е дека си злосторник, но и Хитлер некој го сакал, а бидејќи го направи Александар, заслужуваш мал дел од моето време. Имаш мрсна коса, луд поглед и во тебе клечи легло на гнев и бес.
Ми се повраќа кога ќе те видам, но тоа е мојот грев. Си помислувам во себе, подобро Милан одошто рак. Тоа е тоа, откачи се од мене, манијаку“,напишала Северина.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------