Home INFO Од недела започнува летното сметање на времето!

Од недела започнува летното сметање на времето!

реклама:G Natural

Ноќта меѓу сабота и недела, стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред што значи дека наместо два ќе биде три часот.

Со ова започнува летното сметање на времето.

Летното сметање на времето завршува на 25 октомври во 3 часот по полноќ.

Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот во земјите од Европската унија.

Предлогот беше усвоен од страна на Европскиот парламент, но сепак секоја држава членка ќе има можност да избере дали ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.

И во Македонија имаше дебати и сугестии, но се уште не е донесена некоја одлука, односно најверојатно се чека како ќе одлучат другите.

Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“