Home INFO OpenAI ќе лансира онлајн продавница за AI чет-ботови следната недела

OpenAI ќе лансира онлајн продавница за AI чет-ботови следната недела

реклама:Лето во Банско

Минатата година, OpenAI ја најави GPT Store, продавница преку која програмерите можат да ги претстават своите сопствени или прилагодени верзии на нивната популарна алатка ChatGPT. Иако таа продавница првично требаше да стане достапна во декември, поради добро познатите проблеми со исфрлањето на Сем Алтман, а потоа и враќањето во OpenAI, таа беше привремено стопирана.

Сега кога се спушти прашината околу Алтман, OpenAI продолжува по претходно планираниот пат, а покрај подобрувањето на нивниот чет-бот со вештачка интелигенција, вклучува и GPT Store. Интересно е што развојот на нови чет-ботови кои ќе се нудат преку оваа продавница нема да бара знаење за кодирање. За да развијат сопствен GPT, програмерите ќе треба само да го внесат она што го сакаат од нивната алатка, а остатокот да го остават на OpenAI, односно нивната програма GPT Builder, која ќе создаде чет-бот базиран на вештачка интелигенција прилагоден на барањата на програмерите.
И тоа е се.

Програмерите или корисниците ќе можат да понудат сложени алатки базирани на вештачка интелигенција или некои едноставни алатки фокусирани само на одредени категории. На пример верзијата на ChatGPT која ќе биде обучена само за книги за готвење може да разговара со корисниците за рецепти, состојки кои можат да се користат при подготовка на различни јадења и слично.

За тоа што можеме да очекуваме од алатките што ќе бидат достапни во продавницата на OpenAI, Сем Алтман зборуваше на нивниот DevDay при претставувањето на GPT Store. Знаеме дека луѓето сакаат вештачка интелигенција која е попаметна, полична, која може да се прилагоди и да направи повеќе за нив. На крајот, само ќе го прашате компјутерот за работите што ви се потребни и тој ќе ги извршува тие задачи наместо вас, ја објасни целта што сакаат да ја постигнат со нивната онлајн продавница.

Ќе биде интересно да се види дали OpenAI, барем на почетокот, ќе одлучи за некаква форма на монетизација на AI чет-ботови што ќе бидат достапни во нивната продавница. Иако Сем Алтман и извршната техничка директорка Мира Мурати во ноември коментираа дека моментално нема планови за монетизација на GPT Store и дека ниту еден од развивачите не бил известен за тоа, но сепак, постои можност штом ќе бидат достапни уште апликации во нивната продавница да се воведе наплата за преземање апликации. Компанијата на Алтман би можела да земе провизија од таа продажба и на тој начин да го зголеми изворот на својот приход.

На новите прашања од новинарите на Tech Crunch, OpenAI одговори дека следната недела ќе објават повеќе информации за GPT Store и веројатно за опциите за монетизација.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------