Home ШОУ БИЗз Мак сцена „Ова е моја голема одлука, околностите не беа лесни“ се огласи Лозано...

„Ова е моја голема одлука, околностите не беа лесни“ се огласи Лозано по откажувањето на вчерашниот настап

реклама:G Natural

Вчера во Македонија се организираше „Големата прослава на Македонија за НАТО и ЕУ“ во неколку градови низ државата во исто време.

Во дел од нив во последен момент некои од изведувачите го откажаа своето улество како што е случајот со Влтко Лозаноски кој што не се појави на настапот во Охрид.

Она што денеска го очекуваме се нивните изјави за причините поради кои не се појавиле. Па така меѓу првите се огласи Влатко Лозаноски – Лозано, на својот профил на Фејсбук.

Почитувани,
Должност ми е да ви се обратам вам, на мојата публика, и да се изјаснам за она што се случуваше во врска со настанот. Да, бев дел од листата на изведувачи, но одлучив да не присуствувам и не настапив во Охрид. Ова беше моја голема одлука, околностите не беа лесни и засегнати беа многу страни, но она што секогаш во прв план го ставам е публиката. До ова скалило до кое што сум дојден на музичката сцена е само поради вас и секогаш ќе биде само поради вас. Јас сум пејач, музичар и уметник и само поради такви причини сум прифаќал настапи пред публиката. Овојпат ситуацијата ескалираше и увидов дека во такви моменти не треба да пеам. Верувам дека ќе има многу убави музички настани во иднина каде ќе ја славиме музиката. Пред вас сум за да ве спојам меѓусебно преку музиката, а не да ве поделам. Никогаш не сум бил политички определен, музиката е таа што ме насочувала и ќе ме насочува во животот. Искажувам голема почит кон сите мои колеги и организаторите на настанот, но мене публиката секогаш ќе ми биде на прво место. Сите овие години ви дадов толку многу љубов вам, на моите фанови, и двојна љубов ми беше возвратена од вас, што никаква пречка нема да дозволам да се појави за тој круг да се прекине.
Свесно и одговорно стојам зад оваа одлука без разлика какви ќе бидат последиците.
Ви благодарам за
големата поддршка цело ова време!
Со почит, Влатко Лозаноски-Лозано.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------