Потребни состојки:
350-400 мл топло млеко
1 квасец
½ печиво
4-5 лажици шеќер
4-5 лажици масло
Околу 1 кг брашно
100 гр путер/маргарин
Пудинг од ванила, џем, еурокрем(по избор)
Начин на подготовка:
Замесете меко тесто од состојките и поделете го на 12 топчиња. Намрсете ги и оставете ги 10-15 минути на топло. Путерот растопете го или изрендајте го. Топчињата поделете ги на 2 места по 6. Секое топче растегнете го или исукајте го колку големина на тањирче, ставете путер измеѓу секое, и наредете такви 6 едно врз друго со тоа што на последното не ставате путер. Доколку работите со растопен путер, вака наредените корички ставете ги минимум половина час во фрижидер. Потоа исукајте правоаголна кора и поделете ја на мали правоаголници. На едната страна ставете од филот, а на другата засечете неколку линии. Преклопете го филот, притиснете од двете страни(како на видеото) и убаво затворете ги кифличките. Редете ги на плех со хартија за печење и оставете ги да нараснат уште 20-30 минути на топло. Премачкајте ги со јајце и печете ги на 220 степени околу 10-15 минути или зависно од рерната. По желба наросете и шеќер во прав.
За повеќе рецепти, ѕирнете на ХИТ КУЈНА