Home INFO ОВА Е НАЈПРОДАВАНИОТ ТЕЛЕФОН НА СВЕТОТ во првата половина на 2023 година

ОВА Е НАЈПРОДАВАНИОТ ТЕЛЕФОН НА СВЕТОТ во првата половина на 2023 година

реклама:Лето во Банско

Omdia ја објави листата на најпродавани телефони во светот за првите шест месеци од оваа година, а на неа доминираат две компании. Иако има пет модели на Apple и пет Samsung меѓу првите 10 најпродавани телефони во светот, Apple доминира на врвот на листата и првите четири најпродавани телефони во светот се моделите на iPhone.

Особено е интересно и изненадувачки што во првите шест месеци од 2023 година, најпродаван телефон во светот е iPhone 14 Pro Max, најскапиот модел на Apple, чија цена започнува од 1.100 долари. Во овој период се продадени 26,5 милиони од овие модели, додека втор најпродаван телефон е iPhone 14 Pro, чија продажба достигна 21 милион единици.

Минатата година ситуацијата беше малку поинаква, а најпродаван телефон во првите шест месеци од 2022 година беше iPhone 13, кој беше продаден во речиси 34 милиони единици, додека на второ место беше iPhone 13 Pro Max со 23 милиони продадени единици, а iPhone 13 Pro со 14,8 милиони продадени единици се најде на четвртото место.

Трет најпродаван мобилен телефон оваа година е iPhone 14 (16,5 милиони примероци), а iPhone 13 се уште е многу популарен и е на четврто место со продадени 15,5 милиони единици. Следниот iPhone на оваа листа е моделот iPhone 11 и е на десеттото место со речиси 7 милиони продадени единици.

Сите други места, значи, се окупирани од телефоните на Samsung. На петтото место е Galaxy A14 (12,4 милиони продадени примероци), на шестото место е Galaxy S23 Ultra (9,6 милиони), а потоа следуваат Galaxy A14 5G, Galaxy A54 5G и Galaxy A34 5G.

Од Omdia нагласуваат дека во последно време има пад на пазарот на паметни телефони, а тоа особено се однесува на пазарот на уреди од низок и среден опсег кои беа најтешко погодени од рецесијата, но една од причините за падот на продажбата лежи во проширување на пазарот на користени телефони.

Од друга страна, зголемена е побарувачката за премиум модели, што најдобро се гледа по тоа што најскапиот модел на Apple е најпродаваниот телефон во светот, а високо котира и најсилниот модел на Samsung, S23 Ultra.

Ќе биде интересно да се види каква ќе биде побарувачката за претстојните телефони на Apple, а оваа компанија наскоро ќе претстави и нова генерација на iPhone.

Иако очекувањата се секогаш големи, Apple предупреди на пад на побарувачката на пазарот на паметни телефони, што може да влијае и на продажбата на модели од серијата iPhone 15, но сепак имаат големи очекувања за нивниот најсилен и најскап модел, iPhone 15 Pro Max .

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------