Home INFO Ова е најсреќната божиќна песна досега, според науката

Ова е најсреќната божиќна песна досега, според науката

реклама:Лето во Банско

Дали божиќните песни се исти како другите? Дали класиците на бендовите „Вам“, „Слејд“ и „Д Поугс“ ја следат истата формула како и секоја друга песна?

Божиќ е дел од сите нас и секој од нас различно го доживува. За некои тој е носталгичен, за други необјасниво весел, така што музиката што ја слушаме во тој период треба да ги одразува чувствата.

Музиката може негативно да влијае врз луѓето, но ефектот што треба да го има една божиќна песна треба да е позитивен. Ако резултатот треба да е среќа и радост, тогаш акордните секвенции и стиховите стануваат полесни за обработка.

Имајќи го тоа на ум, науката утврди која е најсреќната божиќна песна некогаш напишана.

Ова го открил музикологот и професор Џон Бенет. Тој ги проучувал најслушаните божиќни песни на „Спотифај“ за да открие каква божиќна музика сакаат луѓето и што е потребно за да се направи среќна божиќна песна. Некои од најуспешните песни се „All I Want For Christmas“ на Мараја Кери и неколку песни на Мајкл Бубле.

По кратко истражување, на Бенет му станало јасно дека одредени зборови и фрази се појавуваат речиси во секоја песна. Речиси сите се однесуваат на ѕвона на санки, додека другите главни теми вклучуваат љубов и мир на земјата.

Ѕвоната на санките се веројатно најубавиот звучен инструмент на светот, а со оглед на тоа што санките ги поврзуваме со Дедо Мраз, тогаш неминовно е дека овој звук кај нас ќе предизвика насмевка.

Професорот Бенет ги собрал сите негови наоди и им ги однел на текстописците Хариет Грин и Стив Андерсон. Тие го искористиле она што вообичаено се нарекува стандардна божиќна песна, ја подобриле и така го создале она што треба да биде најсреќната празнична мелодија во цел свет.

Песната е наречена „Love’s Not Just For Christmas“, а двајцата текстописци навистина го примениле она што Бенет го открил додека истражувал. Во песната Божиќ е споменат 21 пат и има постојани референци за љубовта и ѕвона од санки.

Со помош на хор, Бенет ја оживеа песната за таа да може да влијае како лек за оние што допрва треба да го почувствуваат празничниот дух. Поентата на божиќната песна не е само да му даде на слушателот стандардна песна во која ќе ужива, туку и песната ќе му даде чувство на магија во време кога емоциите се зголемени и луѓето се желни за малку празнично расположение.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------