Home INFO ОВА МУ СОЗДАВА ЗДРАВЕСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ: Дарко Лазиќ 9 години бил зависник од...

ОВА МУ СОЗДАВА ЗДРАВЕСТВЕНИ ПРОБЛЕМИ: Дарко Лазиќ 9 години бил зависник од дрога!

реклама:Велигден со Стаф

Фолк пејачот Дарко Лазиќ сеуште се бори за својот живот во болницата во Земун, а како што известува Српски Телеграф, дополнителен проблем му прави тешката апстиненцијална криза поради употребата на наркотици и алкохол.

Како што дознава Телеграф, пејачот откако е свесен буквално го молел медицинскиот персонал да му набави некој опијат, од кој наводно би се чувствувал многу подобро.

– Откако излезе од кома и стана свесен, Дарко се повеќе добива кризи поради алкохолот и наркотиците. Тој призна дека ги користел долго време и постојано бара да му “донесеме нешто” – открива еден од докторите од болницата во Земун.

– Дарко го прашува дали може да му набави дрога буквално секој кој ќе влезе во неговата болничка соба. Има толку големи кризи што се чини дека не може да издржи а да не земе кокаин. Ова веројатно е и причината поради која деновиве има висок притисок! – изјавил извор близок до пејачот за Тефеграф и дополнил дека Лазиќ е зависник од наркотици скоро една деценија, поточно цели девет години.

Во 2011 година во јавноста се појави видео снимка на која се гледа како тој конзумира бел прав.
Тогаш не се вознемирил премногу поради видеото, напротив, се шегувал со новинарите дека шмркањето на кокаин е нормално за времето во кое живееме.

Но, поради наркотиците и алкохолот кој го пиел многу често, има доста висок притисок и проблеми со срцето, што дополнително му го отежнуваат опоравувањето од тешката сообраќајна несреќа.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------