Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Ова се финалистите на Евровизија 2023

Ова се финалистите на Евровизија 2023

реклама:Лето во Банско

Познати се сите учесници во финалето на 67. Евровизија во Ливерпул, што ќе се одржи утревечер.

Меѓу нив се и Србија, Хрватска и Словенија, единствените држави од бивша Југославија кои учествуваат оваа година. Од регионот, во финалето помина и Албанија, но не и Грција.

По Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска и Норвешка, во синоќешното второ полуфинале се радуваа и Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија и Ерменија. Загарантиран настап во финалето имаа актуелниот победник Украина, домаќинот Велика Британија, Франција, Италија, Германија и Шпанија.

Австралија, единствената рок група во финалето, ќе ја има последната шанса да триумфира бидејќи ѝ истекува договорот со Евровизија, за кој повторно ќе треба да преговара.

Меѓу големите фаворити во финалето е Швеѓанката Лорин, која има можност да стане само втор изведувач, по Ирецот Џони Логан, кој двапати победил на Евровизија.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------