Home INFO Овие подароци се на црна листа за Денот на вљубените

Овие подароци се на црна листа за Денот на вљубените

реклама:

Планирате да ја изненадите вашата партнерка со посебен подарок кој ќе ја искаже вашата љубов? Внимавајте да не добиете спротивен ефект!

Со оглед на тоа дека мажите и жените функционираат различно, дознајте кој подарок се наоѓа на „црната листа“.

Прегратка

Ако сте разговарале со партнерката за подарок за Денот на вљубените, а таа била скромна и не посакала ништо, не паѓајте на оваа фора.

Најлошо што можете да направите е да се појавите пред неа со празни раце да ја гушнете и бакнете.

Книга за самодоверба

Уште еден катастрофален подарок кој во одреден момент ви звучи сјајно или корисно, но всушност може да ја навреди вашата партнерка.

Подобро почнете потрага за нова романтична книга.

Фејсбук љубовна апликација

Иако звучи симпатично, не е ни малку романтично туку станува збор за мрзеливост.

Ако навистина ви е важна личноста со која сте моментално, направете малку повеќе од две кликнувања со глувчето.

Подароци поврзани со слабеење

Забранета зона во која не смее ниеден маж да влезе!

Килограмите се многу чувствителна тема за дамите, па ако сте нарачале ЦД со вежби за слабеење или билни таблети за некој килограм помалку, ве предупредуваме!

Домашно милениче

Домашното милениче е голема одоворност, која бара многу внимание и грижа.

Ако сериозно немате разговарано со партнерката на оваа тема, не бидете неодговорни бидејќи папагал, куче или маче со голема црвена панделка не е паметен подарок за Денот на вљубените.

Канцелариски прибор

За овој подарок навистина нема потреба детално да ви објаснуваме, само сетете се на ова: НИКОГАШ!

Пенкалцата, тефтерите, маркерите и стикерите се идеални да ги подарите на дете, а не на партнерка.

Бонбониера

Бонбониерата во облик на срце, со натпис „те сакам“ – веќе видено! Овој подарок испраќа порака: „Не се ни потрудив!“

Заборавете на американските филмови и вратете се во реалноста.

Пижами

Денот на вљубените треба да биде романтичен, но и страствен ден кој долго ќе го паметите. Пижамите оставете ги за 10 годишнина од брак.

Смешни подароци

Можеби на вас и вашите пријатели ви изгледа многу симпатично на партнерката да и подарите палка со смешен натпис или перниче кое испушта звуци на гасови, но ова е еден од најлошите подароци кои можете да ги подарите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------