Home INFO Овој планетарен хит на Горан Бреговиќ му направи “проблем“ во Косово (видео)

Овој планетарен хит на Горан Бреговиќ му направи “проблем“ во Косово (видео)

реклама:G Natural

Едно лице е осомничено за фрлање на солзавец во текот на настапот на Горан Бреговиќ на фестивал на пивото во Корча, Албанија.

Видеата од настапот сведочат како посетителите го напуштаат концертот и ги тријат насолзените очи по фрлениот солзавец.

„Вие сте убава публика. Ми беше задоволство да свирам за вас. Ви благодарам за убавата вечер во Албанија„ – вака Бреговиќ ја поздравил публиката во Корча на крајот од концертот, кога обично го изведува планетарниот хит „Калашников„

Токму оваа песна наводно е причината во Косово да се направи цела кампања за бојкот на Брега.

Непосредно по најавата за настапот на Бреговиќ во Албанија, токму во Косово започнува јавно обвинување на Брега дека со своите песни, а особено со Калашников, бил „инспиратор на масакр во Косово и идол на српската војска за време на војната во Екс Југославија„.

Сепак негативната кампања во Косово не ги предомисли организаторите во Албанија кои останаа доследни на ставот дека настанот и гостувањето на Брега немаат никаква врска со политиката.

Концертот во Корча бил обезбедуван од страна на 200 полицајци.

И хотелот каде престојувал Бреговиќ и неговиот Бенд за свадби и погреби бил обезбедуван од припадници на полицијата, а биле оведени и посебни мерки за гостите.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“