Home INFO Овој човек ја има најчудната професија во светот

Овој човек ја има најчудната професија во светот

реклама:ХитКујна канал

Џорџ Олдрич речиси 40 години работи многу чудна работа за Американската вселенска агенција (НАСА).

Негова должност е да го помириса секој предмет кој треба да се испрати во вселената.

Олдрич најчесто ги „душка“ сите предмети кои астронаутите ги носат со себе.

Досега има мирисано книги, облека, часовници, лепило, но и делови од специјалната опрема.

Неговата работа е од голема важност, па дури и најмалата непријатна миризба може да остане со години во вселенската станица и да влијае врз здравјето на астронаутите.

Ако Џорџ не успее да идентификува само еден проблематичен предмет, целата мисија може да биде во опасност, велат експертите.

„Тука на Земјата ако постојат некои непријатни миризби, како тие од тоалет или од лук, после некое време ветреат. Тоа што прави да исчезне миризбата е мешањето со воздухот кој постојано струи, но во вселенската станица или во шатлот го нема тој дополнителен воздух, не може да се отвори прозор и се пушта свеж воздух однатре“, вели Сузана Харпер, менаџер на назалната лабораторија на НАСА.

РЕКЛАМИ:„ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“