Home INFO Паднаа тешки зборови: Цеца и Карлеуша во нова војна!

Паднаа тешки зборови: Цеца и Карлеуша во нова војна!

реклама:G Natural

Тие две се лути ривалки, кои со години на суд докажуваат кој е во право.

Нетрпеливоста помеѓу Јелена Карлеуша и Цеца Ражљатовиќ повторно е тема на таблоидите во регионот, откако Карлеуша ја навреди Цеца преку социјалните мрежи.

Новата кавга започна поради младата кандидатка Вања која беше дисквалификувана од музичкиот натпревар Ѕвездите на Гранд, и тоа токму поради Јелена. Имено, медиумите од соседството пренесоа дека Вања ќе сними нова песна, независно од продукцијата Гранд, а во ова и помогнала Цеца Ражњатовиќ.

Карлеуша не остана имуна на овој гест на Цеца, па на војот Инстаграм профил напиша:

„Светлана Ражнатовиќ е мој обожавател. Жал ми е што оваа девојка не би ја интересирала ако не би имала врска со мене и дека мотивот за помош и е најлош можен, а тоа е омразата кон мене. Страшно и непријатно. Мислев дека Ражнатовиќ, по бруката, кога пееше на спортистот во кафулето на роденденот, малку се освести, затоа што ги згади сите со тој гест, но продолжи да ги повикува новинарите на судења со мене за да добие малку медиумски простор, бидејќи веќе долго време ја нема на картата“, напиша Карлеуша на Инстаграм.

„Мој совет е да се посвети на внуците и плетењето. Не сум виновна што помина нејзиното, и ти благодарам, конечно!“, заклучи Карлеуша.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“