Home INFO Пејачката Тања Савиќ остана без своите деца, сопругот без дозвола ги однел...

Пејачката Тања Савиќ остана без своите деца, сопругот без дозвола ги однел во Австралија

реклама:G Natural

Српската пејачка Тања Савиќ (35), пред српските медиуми конечно проговори за драмата што ја проживува од почетокот на месец мај заради одлуката на нејзиниот сопруг Душан да ги однесе нивните синови во Австралија без нејзино знаење.

Савиќ тврди дека нејзиниот сопруг на некој начин ги киднапирал нивните синови Максим и Ѓорѓе, а како што пишуваат некои медиуми, тоа би можело да го чини парична и затворска казна Душан.

Извор близок на пејачката за српските медиуми изјавил Душан ги однел децата во Австралија без нејзина согласност. Таа била убедена дека ќе се реши проблемот, но откако и забрани дури и да се слушаат по телефон, пејачката станала очајна. Го пријавила во полиција, а нејзиниот адвокат испратил пријава и во австралиската полиција.

– Молчев четири месеци и не сакав во јавност да изнесувам приватни детали, но сега морам да барам помош. Ми велат луѓето што не одиш по своите деца, не можам да одам во Австралија и да ги донесам во Србија. Јас дури и не сум нивен државјанин. Тоа би значело дека децата сум ги киднапирала. Барав помош од нашата држава, но и од австралиските власти и сега чекам помош – изјавила Тања.
По оваа постапка, на сопругот му се заканува голема затворска и финансиска казна.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------