Home INFO Плаќаат илјадници долари за да бидат погребани на Месечината

Плаќаат илјадници долари за да бидат погребани на Месечината

реклама:Лето во Банско

Кога американската вселенска агенција НАСА се обиде да се врати на Месечината на 8 јануари, првпат по 50 години, ризикуваше повеќе од само 108 милиони долари потрошени за развој и опрема. Мисијата беше неуспешна поради проблеми со горивото. По шест дена во орбитата на Месечината, сондата се врати назад и изгоре во атмосферата на Земјата.

Ракетата носеше и човечки останки, вклучувајќи ги и на познатиот автор Артур Ч. Кларк. Во рамки на комерцијално партнерство, НАСА им дозволува на клиенти да платат за да испратат работи на Месечината. Какво е значењето на оваа нова можност, етички и легално?

Американската компанија „Астроботик“, која го поседува возилото „Перегрин“ што требаше да слета на Месечината, соработува со компанијата за пратки ДХЛ за да им овозможи на клиентите да испраќаат пратки до Месечината. Според договорот, секој можел да испрати пакет со големина од 2,5 до 5 сантиметри на површината на Месечината за помалку од 500 долари.

Ова е само една од американските компании што нудат комерцијални пратки до Месечината. Американските компании „Селестис“ и „Елизиум спејс“ нудат погреби на Месечината кои чинат околу 13.000 долари. Неуспешната мисија во јануари требаше да биде првата што ќе однесеше посмртни останки на Месечината.

Се поставуваат прашања околу планираните закопувања на Месечината. Некои земји бараат задолжително закопување на гробишта, а глобалните договори немаат ограничувања за активностите на приватните компании и индивидуалци во вселената. Неодамна потпишаните договори за заштита на Месечината се однесуваат само на владите, а не на комерцијалните мисии.

Некои астронаути оставија работи на Месечината, на пример, плоча што ги означува првите стапки на Месечината или лични предмети, како семејна фотографија. Меѓутоа, испраќањето исечоци од коса или пепелта од починат домашен миленик на Месечината можеби не се квалификува како културно и историски важно, па ќе треба да се повлече линија.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------