Home INFO По раскинувањето со Аријана Гранде, раперот Мак Милер почина од предозираност

По раскинувањето со Аријана Гранде, раперот Мак Милер почина од предозираност

реклама:ХитКујна канал

Познатиот рапер Мак Милер е пронајден мртов во својот стан во Лос Анџелес, пет месеци по раскинувањето на врската со пејачката Аријана Гранде. Се претпоставува дека причина за смртта е предозирање.

-Малком Мекормит, познат и сакан како Мак Милер, трагично почина на 26 години. Беше ѕвезда водилка за своето семејство, пријателите и обожавателите. Ви благодариме за молитвите и поддршката. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност. Во моментов нема дополнителни информации за причините за неговата смрт, гласи официјалното соопштение од неговото семејство.

Сцената пред неговиот дом била хаотична, кога било пронајдено неговото безживотно тело.

Според наводите на полицијата, ништо не укажува на убиство.

РЕКЛАМИ:„ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“