Два дена по спектакуларната венчавка, Богдана и Вељко Ражнатовиќ добија уште една радосна вест.
Имено тие дознале дека бремената Богдана носи момче, а околку името вопшто немало дилема.
Бебето ќе го носи името на покојниот татко на Вељко, познатиот Жељко Ражњатовиќ – Аркан.
Според српските медиуми, најблиските посакувале Богдана да роди момче, и на тој начин да го обнови споменот на трагично погинатиот Аркан.
Изворот додал дека Анастасија и Цеца први дознале за полот на бебето.
Вељко и се јавил на мајка си, видно возбуден кажувајки и дека Богдана ќе го роди малиот Жељко. Пејачката крикнала од радост, а разговорот го продолжила Анастасија, која му порачала на својот брат дека нивниот татко сигурно ги гледа и е горд на нив.