Home INFO Почина Џејн Биркин, дамата по која е наречена најскапата чанта на планетата!

Почина Џејн Биркин, дамата по која е наречена најскапата чанта на планетата!

реклама:Лето во Банско

На своја 76 годишна возраст, почина легендарната англиска пејачка и актерка Џејн Биркин, ја пронашол нејзиниот негувател во нејзиниот дом во Франција, каде таа живееше и работеше со години.

Биркин ја започна својата кариера како актерка, а го привлече вниманието на светската јавност со врската на екранот, но и надвор од него со Серж Генсбур, еден од најголемите кантавтори на француските шансони.

Парот се запознал додека заедно работел на француската сатирична романтична комедија „Slogan“ од 1969 година, а истата година издадоа и заеднички дебитантски албум.

На албумот се најде и за тогашно време прилично скандалозната и експлицитна песна „Je t’aime… moi non plus“, која достигна прво место на британските музички листи и му донесе слава на парот каква што била реткост во тоа време.

По нивната разделба во 1980 година, Биркин продолжи со соло кариерата, но Серж и понатаму продолжи да пишува песни за неа.

Настапуваше се до 2020 година, кога поради повреда на рамото мораше да откаже неколку концерти. Во септември 2021 година Џејн доживеа мозочен удар.

Во периодот на најголемата слава, во 70-те години, беше светска модна икона поради што луксузниот бренд „Hermès“ ја нарече денес најпознатата чанта токму по неа – „Hermès Birkin“.

До идејата за чантата дошол Жан-Луи Дима, тогашен шеф на модната куќа „Hermès“.

Тој при еден авионски лет се сретнал со славната Џејн која во таа прилика му се пожалила на структурата и обликот на својата чанта.

Три години подоцна беше создадена првата „Birkin“ чанта која ги воодушеви вљубениците во модата ширум светот и стана статусен симбол.

Денес чантата „Birkin“ важи за најскапа чанта на светот.

Цената на една ваква чанта се движи од 10 000 до 40 000 долари, но не може да се купи во продавница. Тие не ги изложуваат во нивните бутици.

Имено, клиентите мора да имаат историја на пазарење во Hermès и да воспостават добар однос со продажен претставник за да се најдат дури и на листата на чекање.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------