Home INFO Почина борецот кој трипати ја победи смртта

Почина борецот кој трипати ја победи смртта

реклама:

“Многумина ја критикуваат Формула 1 како беспотребен ризик, но каков би бил светот доколку го правиме само она што е неопходно?” – изјавил во една прилика легендарниот Ники Лауда.

Австриецот кој важеше за икона на Формула 1 и еден од најдобрите возачи, почина вчера, на 71-годишна возраст.

Неговата здравствената состојба беше нарушена минатото лето, кога беше објавено дека го прекинал својот одмор поради напади од кашлица, за потоа да биде хоспитализиран во Виена и да му биде направена операција за трансплантација на белодробно крило.

Лауда ги освои титулите во Формула 1 во 1975, 1977 со тимот на Ферари, а во 1984 година со болид на Мекларен. До денес тој е единствениот возач кому му успеало да дојде до титулата со двата легендарни тима.

Ќе остане запеметен и по големата несреќа што му се случи во 1976, за време на трката за Големата награда на Германија, возена на патеката Нирбургринг, кога при судир неговото ферари се запали, а тој седеше заробен во него скоро цела минута. Дел од неговото лице изгоре, а доби и оштетувања на белите дробови заради вдишување на отровни и жешки гасови.

По неполни шест месеци тој се врати на патеките и следната година ја освои втората шампионска титула.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------