Home INFO Почна со работа YugoGPT – нов регионален јазичен AI модел

Почна со работа YugoGPT – нов регионален јазичен AI модел

реклама:Лето во Банско

YugoGPT е прв јазичен модел што користи вештачка интелигенција за нашето говорно подрачје. Алатката почна со работа на 25 декември, а ја создаде Алекса Гордиќ. Овој модел работи со српски, босански, хрватски и црногорски јазик.

Гордиќ посочува дека ова е прва верзија од моделот и тој ќе биде унапреден во следните месеци.

Гордиќ дипломирал на Електротехничкиот факултет во Белград во 2017 година, по што работел како софтверски инженер и инженер за машинско учење во развојниот центар на Microsoft во Србија. Потоа работел и во компанија на Google за вештачка интелигенција.

Како што објави неодамна на својот профил на мрежата Х, тој заедно со Тоби Фармер го основал стартапот „Руна АИ“ за да го направат моделот. Тој верува дека вештачката интелигенција треба да служи секому. Следниот чекор е собирање финансии за да се развива платформата.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------