Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Почнува Евровизија годинава без Македонија!

Почнува Евровизија годинава без Македонија!

реклама:Лето во Банско

„Обединети од музика“ е мотото под кое денеска почнува Евровизија по 67 пат.

Оваа година ќе се спојат културите на Украина и Ливерпул, родното место на „Битлс“, откриваат организаторите.

Иако годинешново издание требаше да биде во Украина како актуелен победник но заради војната која сеуште трае не беше во можност да биде организатор, па место неа, домаќин е Велика Британија, односно Ливерпул.

За прв пат оваа година Македонија не учествува, но во низата на откажани се и Бугарија и Црна Гора заради преголемите трошоци.

Вечерва со директен пренос фановите ќе може да го проследат првото полуфинале, второто е за два дена, во кои ќе настапат вкупно 31 држава, додека загарантиран пласман во финалето на 13 мај имаат Украина, Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и Италија.

Специјални гостинки и свој пектакл во ревијалниот дел вечерва ќе имаат музичката ѕвезда Рита Ора и украинската пејачка Аљоша, која настапи на Евровизија во 2010.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------