Денеска првиот канал на МТВ од 16:00 часот во живо ќе можеме да го следиме директниот пренос од Полска, од Детскиот Евросонг каде што наша претставничка е Мила Москов.
Оваа година детскиот Евросонг годинава се одржува во Гливице, Полска.
Нашата претставничка имаше одличен настап со песната „Fire“ на Лазар Цветковски, а очекуваме и денес на големото финале,да ги потврди своите квалитети.
На финалето нашата претставничка ќе настапи под реден број 4, а она што би требало да го знаете дека на детската евровизија може да гласаме и ние за нашата претставничка.
Па да ја поддржиме нашата Мила!