Home INFO Подгответе ги ракавиците, поларен бран во најава!

Подгответе ги ракавиците, поларен бран во најава!

реклама:G Natural

Денес времето во државава ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, a истите поинтензивни ќе бидат во западните предели.

На планините ќе врне снег.

Попладне ќе започне да дува засилен, повремено силен ветер од северен и северозападен правец и истиот ќе услови нагло и големо заладување на времето.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, кон крајот на денот нагло ќе опаѓаат.

Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, додека за време на викендот ќе има врнежи од снег и насекаде ќе се формира снежна покривка, поозначителна во западните и јужните предели.

Многу студеното време ќе се задржи и во текот на следната недела а температурите наутро понекаде ќе се спуштаат и под -15 степени. Под нулата ќе бидат и дневните температури.

Инфо: http://meteoalarm.mk/

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“