Со светски хитови, песни од Балканот и перформанс во живо, Салваторе Ганачи ја крена на нозе публиката на „Охрид колинг“. Светскиот диџеј направи вистинско шоу, испреплетено со балади, техно, турбо-фолк и хаус музика.
Настапот го почна со македонски ритам, продолжи со светска музика, а некаде на средина од шоуто публиката ја изненади со песна од Синан Сакиќ, за кој искоментира „Почивај во мир Синан Сакиќ“.
Според Ганачи, сè е во љубовта. Тој рече: „Ако нема љубов, нема живот. Сакајте се“.
Илјадиници луѓе беа воодушевени и коментираа дека вакво нешто не се случило во Македонија, со позитивни критики за диџејот и фестивалот, но имаше и многу негативни коментари кои што беа наменети токму за плеј листата на Ганачи.
Еден од оние кои јавно го искритукува и нападна на Фејсбук е ДЈ Панчо од дуото ДНК.
Тој во својот пост напиша:
А за оние кои што сакаат да чујат барем малку како тоа звучеше и изгледаше вчера погледнете на видеото подолу: