Сергеј Брин, коосновачот на „Гугл“, на почетокот од годинава поднел барање за развод од сопруата Никол Шанахан.
Сергеј е еден од десетте најбогати луѓе на планетава, а според „Волстрит журнал“, причина за разводот е кратката романса која Никол ја имала со Илон Маск.
Маск и Сергеј се долгогодишни пријатели, а како што пренесуваат странските медиуми, Маск честопати и преспивал во неговиот дом.
Наводно, прељубата се случила на престижниот саем за уметност Арт Базел во Мајами. „Волстрит журнал“ пишува дека Брин и Шанахан во тоа време живееле заедно, но повеќе не биле во врска.
Нивната врска наводно се влошила поради пандемијата на коронавирусот и несогласувањата околу воспитувањето на нивната тригодишна ќерка.
Милијардерот сеуште не ја открива причината за развод,единствено изјавил дека станува збор за „непомирливи разлики“.
По веста за разводот, и посочувањето на Маск како виновник за истиот, основачот на Теска ги негираше овие гласини, а на Твитер напиѓа дека тој и Брин се сеуште пријатели, дури и „синоќа биле заедно на забава“.
„Никол ја видов двапати во три години и во тие два наврати околу нас имаше многу луѓе. Ништо романтично не се случи“, напишал Маск.
Сергеј Брин е седмиот најбогат човек во светот, а неговото богатство се проценува на 93 милијарди долари, па овој развод ќе биде еден од најскапите во историјата на Силиконската долина.