Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Поранешните вработени на Канје Вест го тужат за неисплатени плати, душевна болка...

Поранешните вработени на Канје Вест го тужат за неисплатени плати, душевна болка и порно содржини коиим ги праќала сопругата Бјанка

реклама:G Natural

Канје Вест и Бјанка подолго време се актуелни во јавноста со своите бизарни модни избори и однесување, а сега се соочуваат со тужба поради однесувањето кон вработените.

„Последната капка ја прелила чашата“ кај вработените кои работеле на новата апликација на раперот поврзана со филмови за возрасни, пренесува „Пејџ Сикс“.

Според судските документи, Бјанка е обвинета дека испраќала видеа со несоодветна и експлицитна содржина на вработените, а овие видеа биле достапни и за малолетници кои работеле на апликацијата.

Канје и неговиот соработник Мило Јанопулос исто така се обвинети во тужбата. Наводно, тие не им плаќале на вработените за сите работни часови и ги трпеле на сурово, нечовечко и понижувачко однесување, како и расистички навреди и ги нарекувале „робови“.

Судските документи откриваат дека раперот и неговиот соработник ангажирале група програмери, вклучувајќи и 14-годишни тинејџери, на кои им било ветено 120.000 долари по завршувањето на апликацијата. Тие потпишале договори за необјавување, а малолетниците потпишувале „доброволни“ договори. Освен апликацијата за возрасни, тие работеле и на апликацијата за стриминг „YZYVSN“, конкуренција на Спотифај и Епл Мјузик.

Вработените бараат отштета за неисплатените плати, прекувремената работа и претрпената душевна болка.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------