Home INFO Повеќе од 60 отсто од населението користи социјални мрежи: Поранешниот Twitter е...

Повеќе од 60 отсто од населението користи социјални мрежи: Поранешниот Twitter е само на 12-то место по популарност

реклама:G Natural

Степенот до кој социјалните мрежи имаат приоритет во нашите животи сега се потврдува и со официјални податоци. Светската популација е целосно маѓепсана од барем една од водечките социјални мрежи.

Според податоците од 2024 година, 62 отсто од вкупното светско население користи социјални мрежи, а бројот на корисници се зголемува секоја година, пренесува Anadolu.

Според статистичката агенција Statista, Facebook од април го зазема водечкото место меѓу платформите на социјалните мрежи според бројот на корисници во светот, со повеќе од три милијарди активни корисници месечно.

Instagram и WhatsApp, кои се во сопственост на Meta, која исто така е сопственик на Facebook, се на 3 и 4 место на листата со две милијарди месечни корисници, а на 7 место е Facebook Messenger со 1 милијарда корисници.

YouTube, онлајн платформата за споделување видеа во сопственост на Google, е втора на листата. YouTube во моментов го користат 2,5 милијарди луѓе ширум светот. Платформата Х (поранешен Twitter) во сопственост на Илон Маск е на 12-то место со 611 милиони корисници.

Пет милијарди луѓе користат социјални мрежи

Според извештајот „We Are Social“ за 2024 година, вкупно пет од осум милијарди луѓе, што е околу 62 отсто од светската популација, користат социјални мрежи.

Бројот на корисници на социјалните мрежи е зголемен за 5,6 отсто во однос на минатата година, а 266 милиони нови корисници првпат почнале да ги користат социјалните мрежи во 2023 година. Според последните податоци, околу 5,35 милијарди луѓе во светот користат интернет. На социјалните мрежи во просек се трошат 2,23 часа дневно.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------