Home INFO Повреда за време на снимање на филм е можна причина за состојбата...

Повреда за време на снимање на филм е можна причина за состојбата на Брус Вилис

реклама:hotel PREMIER

Јавноста беше шокирана од веста дека холивудскиот актер Брус Вилис ја завршува филмската кариера поради афазија, болест која доведува до нарушување на говорот и разбирањето.

Оваа состојба се јавува најчесто по мозочен удар, тумор на мозокот или пак по тешка повреда на главата.

Во јавноста се шпекулира дека токму повреда на главата е причина за состојбата на актерот.

Имено, во 2002 година Брус се здобил со повреда на главата кога на снимањето на филмот Tears of the Sun бил погоден во челото од „проектил“.
Несреќата се случила поради пиротехничка детонација извршена од тимот за специјални ефекти.

Вилис тогаш го тужел студиото Revolution за нанесување „екстремна ментална, психолошка и емоционална болка“.

Наводно, семејството и пријателите на актерот веруваат дека тој и денес може да ги почувствува последиците.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------