Home INFO Познатите водители Марко и Ненад бараат колешка! Еве ги условите!

Познатите водители Марко и Ненад бараат колешка! Еве ги условите!

реклама:Велигден со Стаф

Познатите тв фаци и радио водители Ненад Ѓоргиевски и Марко Новески од неодамна се дел од програмата на скопското радио Хит, 107.4 ФМ.

“Хитовите се тука а од оваа есен радио Хит нуди интересни и ексклузивни содржини и нова програмска шема која без сомнение ќе ве натера да останете на нашата фреквенција.” – истакна Ненад кој воедно е и програмски уредник на радиото.

Марко и Ненад имаат свои емисии на оваа фреквенција, а со помош на публиката ќе одберат и колешка која ќе им се придружи во тимот!

„Имате желба да станете радио водителка? Еве ги условите! Ако си кул, комуникативна ведра и духовита личност со општи познавања, искористи ја оваа можност да се придружиш во нашиот радио тим и пријави се на нашата аудиција. Право на пријава имаат девојки од 18 до 30 години кои што живеат во Скопје, со или без водителско искуство, но гоооолема желба и талент. Доколку сакате да аплицирате потребно е да го испратите вашите податци со аудио снимка направена од вашиот мобилен телефон во нашето сандаче на нашата Фејсбук фан страна Radio Hit Macedonia или на radiohitmk@gmail.com! Со најдобрите ќе се дружиме во етер, а слушателите ќе бираат која кандидатка сакаат да ја слушаат секој ден! Биди дел од нашиот ХИТ ТИМ и пријави се“- ни кажа Ненад.

Она што исто така е новитет во програмата е и дневната доза смеење со Стенд ап емисии, во соработка со Стенд ап Македонија, како и секојдневно по еден час посветен за новата хип хоп генерација на македонската естрада.

Пуштете го вашето радио на 107,4 фм и уживајте секојдневно со забавата на Радио ХИТ!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------