Home INFO Прекрасна порака до сите ученици!

Прекрасна порака до сите ученици!

реклама:Велигден со Стаф

За околу 270.000 средношколци и основци, од кои околу 20.000 првачиња, денеска почнува новата учебна година.

На социјалните мрежи наидовме на порака наменета токму за сите ученици.

Ја пренесуваме во целост, ако ви се допадне тогаш споделете ја со вашите пријатели.

„На сите во школо ви посакувам да учите да решавате и некои таги. Да има некој да ве научи дека 2+2 не се само 4, некогаш се многу повеќе а најтапа е кога се помалку, посебно кога мама и тато немаат доволно пари. Ама и дека љубовта е бескрајна.
И дека математика е стварно најкул предмет у свет.
На физичко да ви кажат дека често колку и да трчате, нема да можете да избегате од болката од загуба на блиска личност.
На музичко дека скршен дух се лекува со пеење и музика.
На ликовно се надевам ќе ви кажат дека ако некој сака да ве разбере ќе го направи тоа и без да му цртате. Ама дека креативноста е бесценета.
На хемија дека е битно да има хемија.

Ама не е само тоа. На географија дека луѓето се секаде убави и дека треба да освојувате врвови, на биологија да си го сакате своето тело, на историја дека не мора баш секогаш да ја повторуваме. На мајчин јазик треба да ви кажат се’. А потоа тоа се’ да го преведете и на други јазици.
И тако даље.
Да бидете најсупер другари и другарки, да читате, творите, спортувате, гледате во зајдисонца и никогаш да не се прашате: За ова ли учев ја бе?
И да не слушнете: Ќе ти треба книшка за работа.

Среќно деца. Среќно тинејџери. Среќно професори. Да си ги пораснете крилјата.
Бидете херои и спасете по некој свет. (измислете и нов)“

Фејсбук статус Драгана Гунин

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------