Home INFO Препознајте ги болестите кои немаат симптоми

Препознајте ги болестите кои немаат симптоми

SHARE

За разлика од болести за кои што точно се знае која е причината за нејзиното настанување и се препознатливи по нејзините симптоми, има чести заболувања за кои што дури ни самите лекари не можат да ги објаснат.
Некои од болестите се очигледни, но некои се развиваат полека, па луѓето симптомите ги забележуваат премногу доцна. Затоа се важни редовните прегледи, па дури и најмалите промени мора да му ги кажете на вашиот лекар, нешто на што треба да се посвети особено внимание.

Ниско ниво на витамин Д

Можеби нема да забележите дека нешто страшно се случува, но, доколку нивото на витаминот Д, во подолг период е под 30 ng/ml, тоа може да придонесе за развој на срцево заболување, дијабетис, или пак некаков вид на рак и мултиплекс склероза.
Витаминот Д помага во апсорпцијата на калциум, а недостатокот од истиот има лош ефект врз нашите коски. Пониско ниво од 20нг/мл може да се смета за дефицит од потребата за истиот. Доколку имате сериозно намалување, тоа можете да го надокнадите со додатоци во исхраната. Проверете го статусот повторно за неколку месеци.

Хипотироидизам

Тироидната жлезда го регулира метаболизмот како и клучните процеси во организмот. Недоволно активната штитна жлезда не го лачи доволно хормонот (TSH), со што телото не може да функционира исправно. Симптомот на хипотиреоза, како што се заморот и преголемата преладеност на телото, лесно можат да се занемерат поради тоа што тие се суптилни и можат да се случат постепено. Послабо активната триодна жлезда може да доведе до зголемување на телесната тежина, срецевите заболувања, повисок холестерол, неплодност, депресија и оштетување на нервите. Доколку се сомневате во овој услов, проверете го нивото на TCX во крвта. Редовните прегледи треба да започнат на возраст од 35 години, а контролите да се одвиваат на секои пет години.

Тип 2 дијабетис

Доколку вашето тело не произведува доволно исулин се развива дијабетисот. Тој често се појавува постепено и можеме да го имаме со години, а да не бидеме свесни за тоа“, вели Мелина Јамполис, автор на книгата „The Calendar Diet“ Дијабетисот може да ги оштети срцето, очите, бубрезите и нервните завршетоци. Од јуни 2009 година лекарите предупредуваат А1C тест, кој ја мери просечната крв гликоза во крвта во системот во текот на изминатите неколку месеци и нема потреба за гладување пред да се прави тестот. Доколку имате вишок на килограми или пак имате семејна историја на дијабетис, погрижете се првото тестирање да го направите на 45 години.

Зголемен крвен притисок/ Хипертензија

Поради стареењето или пак факторот на ризик како што е семејната историја на дијабетичари, крвниот притисок во артериските ѕидови може да стане преголем. Ова води кон хипертензија. Можните компликации вклучуваат срцев удар, мозочен удар и болести на бубрезите.
„Како кардиолог знам дека пациентите може да имаат асимптиматска хипертензија далеку од поодамна пред направената дијагноза“ вели доктор Мелиса Конг која нагласува дека потребни се годишните систематски прегледи, дури и кога се чуствувате здраво. Имајте на ум дека нормалниот притисок е 120/80 mmHg.

Висок холестерол

Без разлика дали се работи за лоша исхрана или пак генетика, лошиот холестерол во крвта може да ги запуши артериите, со тоа што ќе дојде до послаб проток на крвта до виталните органи, како што се срцето и мозокот. На крајот тоа може да доведе до срцев удар или пак мозочен удар.
Високото количество на холестеролот не може да се почуствува. Затоа се оди на рутински прегледи на крвта. Доколку холестеролот е повисок, докторот може да ви препорача вежби и промена на начинот на исхраната, како почетно лечење, а потоа да ви препорача и контролни прегледи. Доколку дојде до опасно ниво, ви препишува и лекови.

Фибромиаглија

Фибромиаглијата е хронична состојба која се карактеризира со болки на мускулите, лигаментите и тетивите пропратени со замор. Карактеристични се одредени точки во телотот кои се болни на удар. Повеќето луѓе чуствуваат замореност, имаат нарушување на спиењето, чуствителни се на допир, светлина звук и имаат когнитивни пречки
Фибромијалгијата тешко се дијагностицира, бидејќи не постои тест за ваквото нарушување. Докторите можат да постават дијагноза, исклучувајќи ги другите можни болести, така што можат да минат години пред да дознаете во што е проблемот. Факторите на ризик вклучуваат и присуство на болест во семејството, присуство на ревматски заболувања или заразни болсти како што е Лумовата болест, потоа некој трауматски настан, како на пример некоја сообраќајна несреќа.

Анемија

Како што бројот на црвените крвни клетки се намалува пополека, се јавуваат суптилни симптоми, како што е заморот. Со намалувањето на протокот на кислорот кој што го пренесуваат црвените крвни клетки, може да дојде до оштетување на органите и до зголемен ризик за срцев удар.

РЕКЛАМИ:
Loading...