Home INFO Приказната поврзана со Биткоинот и изгубната лозинка која крие 3 мииони долари

Приказната поврзана со Биткоинот и изгубната лозинка која крие 3 мииони долари

реклама:G Natural

Кога Мајкл ја изгуби лозинката на крипто паричникот, на него останаа само 43,6 биткоини, што пред единаесет години вредеше околу пет илјади долари. Во меѓувреме, вредноста се зголеми, па сумата се искачи на околу три милиони долари.
Човекот кој сакаше да остане анонимен ги чувал своите биткоини во дигитален паричник.

Средствата, се разбира, беа заштитени со лозинка, која беше генерирана преку RoboForm менаџерот за лозинки.

Генерираната лозинка веднаш беше енкриптирана и складирана со помош на алатката TrueCrypt.

Фајлот во еден момент беше компромитиран и Мајкл го загуби пристапот до лозинката од 20 карактери и лозинката не можеше да се врати.

Во паричникот останаа 43,6 биткоини, што пред единаесет години вредеа околу пет илјади долари. Во меѓувреме, вредноста се зголеми, па сумата се искачи на околу три милиони долари. Е тука на сцена стапи хардверскиот хакер Џо Гранд познат и како Kingpin. Кога Мајкл првпат го контактираше пред две години, тој ја одби работата. Проблемот беше што криптовалутите беа во паричник кој се базира на софтвер, па хардверските вештини тука не помагаат многу, пренесува порталот ArsTechnica.

Мајкл потоа контактирал други хакери, но сите го одбиле со коментар „Нема шанси да се вратат тие пари!“ Во јуни 2023 година повторно го повикал Гранд. Овојпат тој решил да се обиде да му помогне, заедно со својот соработник кој се претставува како Бруно и знае да хакира дигитални паричници.

Гранд и Бруно поминале неколку месеци во обиди да ги вратат биткоините. Прво што откриле е дека RoboForm до 2015 година имал сериозна грешка во генерирањето лозинки – иако се тврдеше дека лозинките се серија случајно избрани броеви, софтверот секоја лозинка ја врзувал за датумот и времето на компјутерот од кој била креирана. Тоа значи дека е полесно да се предвидат, но само ако корисникот го знае датумот, времето и другите параметри. Неуспехот беше во тоа што Мајкл не можеше да се сети кога точно ја создал лозинката.

Бидејќи Мајкл се сеќаваше дека лозинката беше создадена меѓу април и мај 2013 година, хакерите пробуваа со сите бројки што се поврзани со тие датуми. По големи напори конечно го откриле точниот редослед на бројките, откако заклучиле дека лозинката е создадена на 15 мај 2013 година.

Мајкл доби пристап до својот паричник по скоро единаесет години агонија. Во тој момент еден биткоин вредеше 38 илјади долари. Чекаше вредноста да се искачи на 62 илјади и тогаш продаде дел. Денес има 30 биткоини, односно: над 2 милиони долари. Вели дека чека вредноста да се искачи на 100 илјади. А Гранд и Бруно го добија својот дел.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------