Home INFO Принцот Хари ќе добие вртоглава сума за својата книга! Еве кој ќе...

Принцот Хари ќе добие вртоглава сума за својата книга! Еве кој ќе му помогне да ја напише

реклама:G Natural

Британскиот принц Хари одлучил да напише мемоари во кои ќе ги опише своите подеми и падови.
Во јавноста веднаш се постави прашањето кој ќе му помогне во пишувањето.

Неговата книга првенец ќе биде објавена кон крајот на 2022 година од страна на издавачката куќа “Penguin Random House”.

Издавачите нагласиле дека во ова дело ќе биде раскажано детството на принцот, неговото искуство од војска, како и бракот со американската актерка Меган Маркл.

Веќе е познато дека на принцот Хари во пишувањето ќе му помогне Џеј Р Морингер, познат американски писател и добитник на престижната награда Пулицер.

Овој автор предходно пишувал мемоари за многу познати личности, вклучувајки го и бившиот тенисер Андре Агаси.

За својот труд, Хари ќе добие надомест од 20 милиони долари, кој наводно сака да ги донира.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“