Home INFO Пристигна „Grok“ – дали е ова крајот за „ChatGPT“?

Пристигна „Grok“ – дали е ова крајот за „ChatGPT“?

реклама:Лето во Банско

Илон Маск и неговиот стартап за вештачка интелигенција „xAI“ го лансираа „Grok“ – чет-бот за вештачка интелигенција што треба да го надмине „ChatGPT“ на „OpenAI“.

Мотивот за создавање на „Grok“ е да се создадат алатки за вештачка интелигенција кои можат да му помогнат на човештвото да ги подобри своите истражувања и иновации, како што претходно објасни Маск во својата објава за платформата „Х“.

Маск и „xAI“ истакнаа дека знаењето за светот во реално време е „уникатна и фундаментална предност“ што ја има „Grok“, која се користи преку платформата „X“.

„Исто така, ќе одговори на „жешките“ прашања на кои повеќето други системи за вештачка интелигенција одбиваат да одговорат. „Grok“,е дизајниран да одговара на прашања генијално и има малку бунтовничка природа, затоа не го користете ако не ви се допаѓа хуморот!“ , истакнува Маск.

Системот, со кој е направен „Grok“, е оценет со неколку академски тестови по математика и кодирање и нуди перформанси што се подобри од она што „ChatGPT-3.5“ може да го направи во сите тестови, според xAI.

Сепак, во ниту еден од тестовите „Grok“, не успеа да ја надмине најнапредната верзија на „OpenAI – GPT-4“.

„Grok“, ќе биде достапен преку претплатата „X Premium Plus“, по цена од 16 долари месечно, а засега е ограничена само на одредени корисници во Соединетите Американски Држави.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------