Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Проблемите за Шакира немаат крај, пејачката пред нов предизвик

Проблемите за Шакира немаат крај, пејачката пред нов предизвик

реклама:hotel PREMIER

Очигледно дека овие неколку месеци за пејачката Шакира се навистина стресни.

Откако и се заканува затворска казна заради затајување на данок и разводот со Пике, таа сега мора да одлучи каде да се пресели со своите синови.

Имено, пејачката има блиско семејство и пријатели во Мајами и многу луксузен замок на брегот, а семејната пријателка и агент за недвижности Ана Лурд Мартинез градот го нарекува „прибежиште“ на Шакира.

– Мајами е нејзиниот дом – изјави таа за The New York Post.

-Тука живеат нејзините родители, брат, внука и внук. Таа нема семејство во Шпанија. Тоа е поинакво опкружување од Барселона – додаде Мартинез, која работи со братот на Шакира, Антонио на нејзиниот локален имот за недвижнини.

Да потсетиме дека Шакира беше во врска со Пике 11 години, со кого ги доби синовите Милан (9) и Саша (7), а раскинаа во јуни откако тој наводно испраќал пораки до други жени, меѓу кои и бразилската манекенка Сузи Кортез и тајно бил во врска со 23-годишната студентка за односи со јавноста Клара Чиа Марта.

Сега, додека битката за старателство меѓу Шакира и Пике ескалира, децата се враќаат во Барселона и остануваат во домот на нивниот татко.

Што се однесува до нејзината наводна даночна измама, таа наводно не платила данок од 14,7 милиони долари во периодот од 2012 до 2014 година. Покрај затворската казна, доколку биде осудена, се соочува и со парична казна од 23,5 милиони долари.

Извори велат дека пејачката е убедена во својата невиност.

– Шакира отсекогаш соработувала и го почитувала законот – изјавил за The Post нејзиниот претставник за односи со јавноста.

– Таа демонстрираше беспрекорно однесување како поединец и даночен обврзник и верно ги следеше советите на PriceWaterhouse Coopers, престижна и глобално призната ревизорска куќа – продолжи тој.

– За жал, шпанската даночна служба, која го губи секој друг спор со своите даночни обврзници, продолжува да ги крши нејзините права и води уште еден неоснован случај. Шакира е убедена дека нејзината невиност ќе се докаже до крајот на судскиот процес – заклучил тој.

Пејачката веќе платила 17,5 милиони долари на шпанските даночни власти за подмирување на нејзината обврска.

Извори за The Post изјавиле дека таа не е загрижена дека ќе оди во затвор.

– Ова е нешто што шпанските даночни власти им го прават на богатите луѓе. Тоа повеќе го одвлекува вниманието отколку било што друго – заклучил информиран извор.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------