Џозеф Мерса Марли, внук на легендарниот музичар Боб Марли почина на 3 година, а веста ја потврди неговиот портпарол.
Внукот на Боб МАрли е пронајден мртов во својот автомобил, а причината за неговата смрт официјално не е објавена. Неофицијално, се претпоставува дека смртта настапила како последица од астма, болест со која младиот уметник се борел целиот свој живот.
Џозеф беше јамајканско – американски уметник, најстар син на Стивен Марли и внук на Боб Марли.
Роден е на Јамајка, во 1991 година а на свои 11 години се преселил во Мајами. Уште од мали нозе бил под влијание на музиката а својата прва песна ја објави во 2010 година.
Минатата година го издаде својот втор и последен албум.
Од него се прости и премиерот на Јамајка:
– Нека најде вечен мир додека ние жалиме за неговото заминување! , изјавил премиерот Ендру Холнес.