Home INFO Протекоа доверливи информации со детали за крајот на серијата „Игра на тронови“

Протекоа доверливи информации со детали за крајот на серијата „Игра на тронови“

реклама:Велигден со Стаф

Едноминутен „осврт“ на последните две епизоди од „Игра на тронови” протече на интернет и, ако е веродостоен, според коментарите потоа, илјадници обожаватели ќе бидат разочарани.

Видеото набргу беше отстрането. Сепак, оние што го виделе освртот пред да биде тргнат од интернет, веќе објавуваат негативни коментари за серијата.

– Пари колку сакате, актерска постава на столетието и моќна ТВ-мрежа зад вас… И, вие сепак успеавте да ја упропастите најдобрата серија во историјата. Какво достигнување! А и оние протекувања за крајот на серијата! Каков распад, коментира една обожавателка на Твитер.

Светските медиуми наголемо пишуваат за тоа како, наводно, ќе заврши серијата, но од почит кон оние што просто не сакаат да го дознаат крајот, за тоа во друга прилика.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------