Home INFO Првите креативни изработки на дечињата од СОС детско село Македонија

Првите креативни изработки на дечињата од СОС детско село Македонија

реклама:Велигден со Стаф

На 18.10.2018 и 25.10.2018 год. беа одржани првите две креативни работилници на Creative Macedonia во СОС Детско село.

Овој настан е воедно и увертира во заедничкиот проект “Креативни рачиња” и првите две од шесте вакви работилници.

Двочасовни дружења исполнети со смеа, забава, учење и експлозии од креативни идеи остварени преку креативните рачиња на децата.

Дечињата се запознаа со квилинг техниката, правевеа честитки, накит, плетеа, другаруваа, споделуваа искуства, делеа и добиваа креативни совети.

А, нивните ремек- дела ќе може да ги погледнете на предновогодишен базаар каде ќе ја имате и можноста да нивните изработки го красат и Вашиот дом.

“20тина дечиња покажаа колку е шаренолика детската креативност, колку е блескава нивната иновативност. Сјајот во нивните очи и насмевката на нивното лице не уверија дека навистина вреди она за што се залагаме ние како тим, ни дадоа елан да продолжиме понатаму и сеќавањата кои ги створивме да ги прераскажуваме со надеж за едно подобро утре.
Не испратија со претопли прегратки, бакнежи и нетрпеливост за нашата идна средба. А, ние пак, опиени од нивната гостопримливост и несебична детска љубов, ја закажавме веќе за наредната недела.” – соопштија организаторите на креативните работилници.

ОВДЕ можете да погледнете фотографии од нивните изработки, се надеваме дека преку истите ќе успееме да ви доловиме бар мал дел од креативноста и љубовта кои створија прекрасна работна атмосфера.

Се гледаме набрзо!

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------