Home INFO Прво ја избрка па ја молеше да се врати, Саша Поповиќ и...

Прво ја избрка па ја молеше да се врати, Саша Поповиќ и Цеца се скараа во Гранд

реклама:

Во музичкото талент шоу „Ѕвездите на гранд“ постојано сме навикнати да гледаме кавги и несогласувања меѓу жирито што заради меѓусебни несогласувања но почесто заради нивните кандидати на кои тие им се ментори.

Во последната епизода на шоуто свое несогласуваа имаа и Саша Поповиќ и Цеца Ражнатовиќ овој пат заради моден детал на нејзиниот кандидат.

Вики прво го обвини Саша Поповиќ што не и дал доволно време да го изнесе својот став.

– Воопшто не ми се доволни 30 секунди, веднаш да ви кажам. Штом почнам да зборувам, ти го притискаш копчето – рекла Вики, а Поповиќ праша што точно сака да каже.

Набрзо меѓу Поповиќ и Цеца се случи несекојдневна ситуација, а сето тоа поради кандидатот за кој Ражнатовиќ имаше неколку критики, меѓу кои беше и неговиот стајлинг, поточно јакната му беше претесна.

– Добро, Светлана. Можеш да станеш и да му ја тргнеш јакната – и рекол Поповиќ, не сомневајќи се дека таа навистина ќе го направи тоа.

– Мислевте дека нема?! – рече Цеца и излезе на бината да ја поправи јакната на кандидатката. Меѓутоа, после тоа Саша и дал добронамерен совет на Цеци да не се нервира за кандидатите и гласањето.

– Оди си дома! Како се вика вашата слатка? – се пошегува Поповиќ, но пејачката едвај дочека и реагираше бурно.

– Збогум, нема проблем, си одам – ​​рече таа, ги зеде работите и го напушти студиото, а Саша ја молеше да се врати.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------