Home INFO Психотерапевт ја анализира Северина: Еве зошто сака да се фотографира вака

Психотерапевт ја анализира Северина: Еве зошто сака да се фотографира вака

реклама:Велигден со Стаф

По последниот порно скандал на Северина, јавноста како да престана да се интересира кој ги пласирал нејзините разголени фотографии во јавноста.

Фокусот е насочен на прашањето од каде потребата Северина да се фотографира во вакви изданија.

Психотерапевтот Зоран Миливојевиќ за српски Блиц објаснува од каде доаѓа потребата на јавните личности да се фотографираат разголени.

” Живееме во време кога убавината е една од подоминантните вредности. Луѓето веруваат дека за да дојдат до среќа и убав живот, треба да се убави. На јавната сцена постојат ликови кои се репер за убавина и честопати го разголуваат и истакнуваат своето тело.
Северина не е обична, таа е јавна личност која станала позната поради убавината и способноста за пеење. Тие две работи се клучни “, објаснува Миливојевиќ и додава:

” Фотографирањето на телото е всушност документ како некој изгледал во одреден период. За жал убавината на телото се губи со текот на годините, проаѓа низ фази на стареење па луѓето имаат желба да го овековечат тој период.
Во иста смисла луѓето и приватно сакаат да се сликаат голи. Овие фотографии истовремено имаат и еротска функција, доколку се разменуваат со партнерот или пак потенцијалниот партнер. Ова можеме да го поврземе и со нарцисоидност. Денес постојат многу луѓе кои вложуваат во изгледот на своето тело и доколку мислат дека тоа им е најголем адут, тогаш таквите луѓе постојано се фотографираат. Фасцинирани се од својата убавина и ја задоволуваат таа потреба “- вели психотерапевтот.

Миливојевиќ објаснува дека јавните личности користат вакви фотографии и кога популарноста не им е на завидно ниво.

Постојат јавни личности кои кога не се доволно во центарот на вниманието, на некој начин сами подбутнуваат некои приказни во медиумите за да повторно се зборува за нив.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------