Пејачката Лепа Брена на големо се подготвува за двата концерти во белградската „Арена“ на крајот од октомври.
Познато е дека на секоја работа пристапува со професионалност па така е и овој пат. Имено, покрај тоа што секојдневно има музички проби и подготовки за кореографиите, таа извесен период е на регулиран режим на исхрана и редовно тренирање за да ја одржи својата витка форма и кондиција.
Секојдневно добива безброј комплименти дека ослабела, а дека тоа е така потврдуваат и фотографиите кои Брена ги направи како најава за концертите.