Home INFO Рецепт за баварски перек!

Рецепт за баварски перек!

SHARE

Состојки:
за 12 парчиња

1/3 пакување квасец
1 лажица кафеав шеќер
1 лажичка сол
3 дл вода
500 гр. брашно
1 лажица сода бикарбона
1 лажица путер
30 гр. крупна морска сол
1 л вода

Намаз од сирење

100 гр. сино сирење
1 лажица маргарин
2 лажици крем сирење
0.3 дл пиво
1/2 лажица црвен пипер
1/2 лажица бибер
власец по вкус

Подготовка:
Во шолја со топла вода ставете го квасецот, и шеќерот.

Стасаниот квасец додадете го во брашното, и потоа додавајќи 3 дл вода, замесете тесто и оставете го да отстои околу 30 минути.
Во плиток лонец загрејте еден литар вода во која сте ставиле сода бикарбона.

Кога тестото ќе порасне поделете го на 12 еднакви делови. Од секој дел направете „стапче“ долго околу 50 см. Обликувајте го во вид на перек, и секој перек потопете го во растворот со сода бикарбона, а потоа посипете го со крупна морска сол. Оставете ги во тава да отстојат 10 – 15 минути.

Переците печете ги во рерна на 230 степени, 10 – 15 минути, или додека не добијат златна боја. Потоа извадете ги од рерната и премачкајте ги со растопениот путер.

Состојките за намазот од сирење ставете ги во сад, а потоа со рачен блендер убаво измешајте ги.
Добар апетит!

РЕКЛАМИ:
Loading...