Home INFO Режисер го измамил „Нетфликс“: Добил милиони за серија, но ги потрошил на...

Режисер го измамил „Нетфликс“: Добил милиони за серија, но ги потрошил на биткоини

реклама:Лето во Банско

Режисерот Карл Ерик Ринш зел милиони долари од „Нетфликс“ за неговата научнофантастична серија, но ги потрошил на берзите и на пазарите за криптовалути.

46-годишниот режисер потпишал договор вреден 61,2 милиони долари со „Нетфликс“ за продукција на научнофантастична серија во која „Нетфликс“ инвестирал 44,3 милиони долари. Серијата требало да биде готова до март 2020 година. Но, Ринч изјавил дека му требаат повеќе пари. „Нетфликс го исполнил барањето на Ринч и на неговата продукциска куќа ѝ му дал дополнителни 11 милиони долари.

Но, тие пари не ги потрошил за серијата. Наместо тоа, тој искористил 10,5 милиони долари од финансиската инјекција на „Нетфликс“ за да инвестира на берзата. На крајот, Ринш изгубил 5,9 милиони долари во лошо тргување.

Потоа се насочил кон пазарот на криптовалути и овој пат имал повеќе среќа. Купувањето „доџкоин“ ја претворило инвестицијата од 4 милиони долари во речиси 27 милиони долари. Режисерот тогаш потрошил 8,7 милиони долари на луксузни автомобили и дизајнерска облека, според наодите на судскиот сметководител ангажиран од сопругата на Ринш. Ринш купил „ферари“ и пет автомобили „ролс-ројс“.

„Нетфликс“ сè уште нема добиено ниту една епизода од серијата

И покрај тоа што потрошил повеќе од 55 милиони долари за серијата на Ринш, „Нетфликс“ сè уште нема добиено ниту една епизода од режисерот. Томас Черијан, портпарол на „Нетфликс“, изјави дека ја отпишале серијата на Ринш и дека е јасно дека господин Ринш никогаш нема да го заврши проектот што се согласил да го направи.

Ринш и „Нетфликс“ моментално се во доверлива арбитражна постапка, а режисерот му должи на „Нетфликс“ најмалку 14 милиони долари отштета поради прекршување на нивниот договор.

Филмографијата на Ринш се состои од само еден дел, акциониот филм од 2013 година „47 Ронин“ со Кијану Ривс во главната улога. Филмот доби лоши критики од критичарите и беше еден од најголемите пропусти на киноблагајните таа година.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------