Home INFO Само да го истуркам овој ден: Се огласи синот на Марина Туцаковиќ

Само да го истуркам овој ден: Се огласи синот на Марина Туцаковиќ

реклама:G Natural

Денес, 29 Септември ќе биде погребана Марина Туцаковиќ, најдобриот текстописец во регионот, заслужна за стотици музички хитови на Балканот.

По нејзина желба, таа ќе биде погребана покрај покојниот син Милош. Семејството веќе изјави дека поради состојбата со корона вирусот, во вечниот дом ќе биде испратена единствено во присуство на најблиското семејство.

Нејзиниот син Милан,денес се огласи на Твитер:

– По 10 дена исчекување, дојде и тој ден кога со татко ми и најблиските ќе ја испратиме мајка ми на она место каде што сите, кога тогаш ќе се преселиме. Ви благодарам за поддршката, молитвите, грижата и трудот мене и на мојот татко да ни ја олесните оваа мачна и неизбешна реалност. – напиша Милан.

Да потсетиме, Марина своите последни денови ги пројде во болница, каде како последица на корона вирусот но и на тешката болест со која со години се бореше, почина на 19 Септември.

Имаше 68 години.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“