Home INFO Сара Џесика Паркер тужена и јавно избламирана!

Сара Џесика Паркер тужена и јавно избламирана!

реклама:Велигден со Стаф

Познатата холивудска актерка пред две години позајмила накит вреден 70 000 долари и заборавила да го врати.

Како и повеќето познати ѕвезди и актерката позната по улогата во ,,Сексот и градот “ позајмила накит за да се појави на црвениот тепих.

Сара Џесика Паркер во 2016 позајмила накит од компанијата Design Kat Florence во вредност од 70 000 долари , а тие и дозволиле да го носи во наредните два месеца.

Адвокатот на ѕвездата тврди дека не е така.

Тој вели дека компанијата и го дала накитот за да го носи на разни настани и да ги промовира. Кога истекол договорот, Сара сакала да го врати накитот, но од компанијата не биле заинтересирани, тврди адвокатот .

Но , сепак компанијата ја тужи актерката и бара од неа да им надомести штета од 150 000 долари.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------