Home INFO Се има, се може: Овде, Доналд Трамп се чувствува најсигурен (видео)

Се има, се може: Овде, Доналд Трамп се чувствува најсигурен (видео)

реклама:

Луксуз е второто име на актуелниот претседател на САД, Донал Трамп.

Уште пред да започне да се занимава со политика, овој милијардер поседувал свој приватен авион, автомобили и многу недвижнини кои чинат огромно богатство.

Сакако откако стана прв човек на САД, Трапм одлучи во прв план да ја стави својата безбедност, па американската јавност имаше можност да ја види неговата нова”ѕверка” на четири тркала.

На улиците на Менхетен пред два дена продефилира новата претседателска лимузина Cadillac, базиран на моделот CT6.

Инаку, станува збор за два автомобили бидејќи обезбедувањето на Трамп и тајната служба користат два идентични автомобили во караванот за да ги збунат потенцијалните напаѓачи.

Кадилакот на американскиот претседател е опремен со заштитини системи, се проценува дека тежи 7 до 9 тони.

Тајната служба ги крие деталите за возилото од јавноста поради личната безбедност на претседателот, но се шпекулира дека има систем против пожар, ноќна камера, посебен систем за одбрана од ракетен напад и слично.

Лимузината е опремена со резерви со крв со крвната група на Трамп во случај ако треба веднаш да му се укаже прва помош.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------